Заев: Повторно сме на прво место по транспарентност во регионот

1 min read

Претходните се криеа, а сега се е јавно. А, кога се е јавно, корупцијата не се исплати. Исправните политики на отвореност се потврдени, повторно сме на прво место по отвореност и транспарентност во регионот, објави на неговиот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

-Владата на Груевски донесе заробена држава, последна по транспарентност во 2016 година во регионот. Со политичка волја, со одлучност, посветена работа и одговорност еве не веќе неколку години на првото место, посочени како единствениот позитивен пример во регионот. Северна Македонија освои рекордни 83,43 проценти во доменот на транспарентноста, според поставените критериуми, се наведува во статусот на премиерот Заев по повод .

Она што е за одбележување, додава тој, е дека водечка позиција во регионот имаат и министерствата на Владата на Република Северна Македонија со освоени 62 проценти од поставените критериуми.

-Негувањето на принципот на транспарентност е прашање на одговорност на Владата, наведува Заев во ФБ статусот.

Според проценките на Регионалната мрежа на НВО „Отчетност, технологија и мрежа на институционална отвореност во Југоисточна Европа” (ACTION SEE) , најотворена според нивото на отвореност и транспарентност во регионот на Западен Балкан е рангирана Владата на Република Северна Македонија која исполнува дури 83,4 проценти од критериумите.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Москва се закани дека ќе го блокира Јутјуб

Следно

Вардар оди по победа и против европскиот вицешампион Алборг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian