За сите кои се прашуваа: Кардашијан откри како менува пелени со супер долги нокти

2 mins read

Клои Кардашијан го одговори прашањето кое сите ги мачеше и сподели како ги менувала пелените на нејзината ќерка Тру со супер долги нокти.

37-годишната ѕвезда на телевизиското реално шоу зборуваше за тоа како успева да прави работи со нејзините екстремно долги акрилни нокти.

„Како го живеам животот? Па, исто како и сите други. Сите се толку фасцинирани од должината на моите нокти“, вели Клои.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Кардашијан, која беше мета на осудувачки коментари на нејзините профили на социјалните мрежи за должината на ноктите конечно одговори на прашањето како се грижи за бебе со такви нокти

„На почеток тоа им беше фасцинантно на многу луѓе. Но ноктите ми беа во коцкаста форма. Овие се позаоблени, а тогаш беа покоцкасти. На истиот начин на кој можам да се подготвам себеси, можам да се грижам и за друго лице, но никогаш не сум имала проблем да ги променам пелените на моето дете“, изјави Клои Кардашијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Иако многу луѓе мислат дека нејзините долги нокти ѝ ги отежнуваат секојдневните обврски, Клои успеала да се адаптира. Една од техниките кои ѝ помагаат да функционира е начинот како отвара ќеса со чипс: решението било да се продупчи и расече ќесата со ноктот.

Во моментов нејзините нокти се поостри од вообичаено и се во интензивно светли и колоритни бои за да се позабележливи, како дел од промоцијата на новиот турнир кој таа го води „Candy Crush All Stars“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неверојатна статистика на Меси против клубовите од Премиер лигата

Следно

Скопјанка фалсификувала документи за да земе кредит

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian