Во Скопје изречени 17 казни за брзо возење, 12 за непоседување возачка дозвола

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 121 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон, шест за возач почетник, пет прекршоци што ги чинат пешаците, 50 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Во МСУ вечер се отвора меѓународната изложба „Гледај тука сум без простор“

Следно

Ескобар: Главен приоритет ни е намалување на тензиите на северот на Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian