ВИДЕО: Војна меѓу нарко банди во затвор во Еквадор, 30 мртви

1 min read

Вистинска војна на спротивставени банди во затвор во Еквадор однесе најмалку 30 животи, а уште 47 затвореници се повредени.  

Армијата и полицијата успеаја да ја вратат контролата врз затворот во крајбрежниот град Гајакил, по пет часа хаос, изјави полицискиот командант Фабијан Бустос.  

Тој додаде дека за време на акцијата биле запленети неколку парчиња оружје, а во пресметката било користено огнено оружје, ножеви и експлозив.  

Пресметката избила меѓу членовите на бандата Лос лобос и Лос Конерос, пренесува АП. 

Владата на државата Гајас објави фотографии на Твитер на кои се гледа евакуацијата на шест готвачи од едното крило на затворот.

Во јули, претседателот на Еквадор, Гилермо Ласо, прогласи вонредна состојба во затворскиот систем во земјата поради неколку такви војни во кои загинаа повеќе од 100 затвореници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанка фалсификувала документи за да земе кредит

Следно

ДКСК ќе бара одговорност за партиските активности на Османи и Нуредини во работно време

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian