ВИДЕО: Општа тепачка во Солун, летаа димни бомби и камења во судир меѓу десничари и левичари

1 min read

Нов тежок инцидент се случи денеска во Солун, кога група екстремисти поддржани од крајнодесничарската партија Златна зора нападнаа левичарски собир во училиште.

Напаѓачите влетале во средното училиште, каде се одржувал собирот против реформата на образовниот систем, и почнале да фрлаат димни бомби, факели и камења кон членовите на левичарската студентска група која го организирала настанот и кон другите присутни.

На снимките од инцидентот може да се види дека настанале вистински воени сцени на солунските улици.

Младинската организација на „Златна зора“ претходно го поддржа собирот на десничарите, кој прерасна во напад врз училиштето. Во училиштето во исто време се одржувала и редовна настава, а полицијата и покрај тоа употребила солзавец за да ја стави ситуацијата под контрола.

Полицијата соопшти дека 46 лица се уапсени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Се „тресе“ клупата на Куман, Манчестер јунајтед го слави Роналдо

Следно

Тухел по поразот од Јуве: Збунет сум, изгледавме многу подобро на тренингот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian