Претседателот на Тунис, Каис Саид денеска ја назначи првата жена за премиер на преодната влада, откако во јули го смени премиерот и го суспендираше Собранието, пренесува Ројтерс.
Претседателот ја назначи Рауда Будент Рамадан, 63-годишната професорка во престижното инженерско училиште, за премиерка на земјата.

Кабинетот на претседателот во соопштението соопшти дека Саид и наредил на новата премиерка да формира нова влада што е можно поскоро.

Тунис нема премиер откако Саид го суспендираше парламентот и ја презеде извршната власт на 25 јули, наведувајќи дека тоа го прави од национални интереси, бидејќи земјата треба да се спаси од економската и социјалната криза. Неговите критичари го опишаа потегот како државен удар.