Тухел по поразот од Јуве: Збунет сум, изгледавме многу подобро на тренингот

1 min read

Менаџерот на Челси, Томас Тухел е свесен за лошата игра на неговиот тим по поразот од Јувентус во Торино во второто коло од Лигата на шампионите.

Ова е второ загубено дерби на лондонските „сини“ за само неколку дена откако беа поразени во Премиер лигата на својот „Стемфорд Бриџ“ од Манчестер сити. Во двата меча загубија со 1:0.

– Изгледавме малку бавно и уморно. И физички и психички. Донесуваме одлуки премногу бавно. Затоа е чудно да се анализира нашата игра во овој момент – рече Тухел по поразот од Јувентус.

Германскиот стратег вели дека сè било погрешно од почетокот на натпреварот:

– Мислам дека не започнавме доволно остро. Во првите 15 минути, можевме да им направиме многу поголема штета. Имаше многу простор за опасни топки во нивниот шеснаесетник, но ние не го искористивме тоа. Се боревме со себе целиот натпревар, обидувајќи се да го најдеме сопствениот ритам и интензитет. Бевме пасивни, не се движевме многу, не трчавме доволно. Збунет сум затоа што изгледавме многу подобро претходниот ден на тренингот – вели Тухел.

Челси го чека Малме во третото коло од Лигата на шампионите, додека во сабота од 16.00 часот ќе се сретне со Саутемптон во Премиер лигата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Општа тепачка во Солун, летаа димни бомби и камења во судир меѓу десничари и левичари

Следно

Почина легендарниот Иван Тасовац

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian