Четиригодишно девојче повеќе од три дена се грижело за помладите сестри откако нивниот татко неочекувано починал во нивниот дом, објави полицијата во градот Бургхаузен на југот од Германија.
Полицијата вели дека нивниот татко (35) починал од природна смрт на 14 септември во раните утрински часови.
Девојчињата, коишто биле на четири, три и двегодишна возраст, цело време мислеле дека таткото спие. Најстарата сестра ги хранела и се грижела за другите две, сѐ до моментот кога биле пронајдени.
Според весникот „Passauer Neue Presse“, нивната тетка ја открила ситуацијата дури на 17 септември, а моментално девојчињата се сместени кај неа.