Сообраќајот по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

1 min read

Сообраќајот на патиштата низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џон Кери во посета на Европа

Следно

На центарци, воздух ќе им се носи со хеликоптер, а ветер ќе се симулира преку андроид апликација?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian