Скопјанка фалсификувала документи за да земе кредит

1 min read

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.В.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „измама при добивање на кредит“. На 01.04.2021, при аплицирање за одобрување на потрошувачки кредит во штедилница во Скопје во износ од 335.000 денари, кон барањето за кредит приложила административна забрана на нејзино име со невистинита содржина.

Во документот таа внела невистинит податок за висината на нејзината плата, а се потпишала и на местата за овластено лице за пресметка на плати и директор. Таквиот документ го поднела при аплицирање за кредит во штедилницата, по што ѝ бил одобрен кредит.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

За сите кои се прашуваа: Кардашијан откри како менува пелени со супер долги нокти

Следно

ВИДЕО: Војна меѓу нарко банди во затвор во Еквадор, 30 мртви

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian