Путин му препорача на Ердоган да се вакцинира со Спутник

2 mins read

Рускиот претседател Владимир Путин му препорача на својот турски колега Реџеп Таип Ердоган да ја земе руската вакцина Спутник В кога ќе се вакцинира со втората доза, а Ердоган на тоа одговори дека веќе ја примил вакцината Фајзер, пренесува ТАС.  

Двајцата лидери се сретнаа во Сочи, на брегот на Црното Море, во резиденцијата на рускиот претседател. Путин, кој штотуку излезе од двонеделна изолација по ширењето на инфекцијата во неговата околина, рече дека не бил заразен иако цел ден бил во друштво на заразен советник.  

„Имам високо ниво на антитела. Фала му на Бога, имам среќа”, му рекол Путин на Ердоган пред резиденцијата, според снимката објавена од кабинетот на рускиот претседател.  

Путин до Ердоган: На време вакцинирајте се со Спутник 

„Следниот пат кога ќе треба повторно да се вакцинирате, направете го тоа со Спутник“, додаде Путин.  

Турскиот претседател одговори дека веќе примил втора доза од вакцината на Фајзер.   

Русија, најтешко погодената европска земја од пандемијата, објави втор последователен рекорд, 857 смртни случаи во еден ден. Земјата се бори со новиот бран поврзан со делта варијантата на вирусот уште од јуни.  

Вакцинацијата во Русија напредува бавно поради недовербата на луѓето, иако има четири домашни вакцини, меѓу кои и Спутник В. Податоците објавени на веб -страницата на Гогов покажуваат дека само 28,8 проценти од руското население е целосно вакцинирано до денес. За да се спаси економијата, властите не сакаат да воведат мерки за ограничување на движењето на населението. 

Средба Путин – Ердоган во Москва

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Цветен поздрав од село Рогачево: Калина на своите убавици им посветува и по четири часа во денот!

Следно

Пожар во пилана во селото Бигла

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian