Попович повторно брилјира: Џинобили се врати во Сан Антонио бидејќи сопругата бараше да излезе од дома

1 min read

Легендата на Сан Антонио спарс и на светската кошарка, Емануел Џинобили по три години се врати во Сан Антонио спар, но не како кошаркар туку како член на управата на „мамузите“.

Аргентинецот кој професионалната кариера ја заврши во 2018 година доби функција на специјален советник за кошаркарски операции на генералниот менаџер.
Враќањето на Џинобили во Сан Антонио спарс го прокоментира и тренерот на екипата, Грег Попович и тоа во негов стил.

– Ману се врати бидејќи неговата сопруга бараше да излезе од дома – беа првите зборови на Попович по што стана малку посериозен.

Ману ќе го работи тоа што ќе го посака. Ќе му помага на генералниот менаџер Брајан Рајт. Исто така ќе ми помага и во тренинзите со млади кошаркари, исто така најверојатно ќе работи и како скаут. Мислам дека најверојатно ќе смисли да оди на две недели во Италија за да следи игри на талентирани кошаркари. Ќе одам со него. Но, сериозен сум и Ману ќе ги направи сиве овие работи и ќе биде што највеќе му одговара да работи. Одлично е да се има во тимот од разни причини, но главната е дека сите го сакаме. Тој е Ману Џинобили и кој не би сакал да го има покрај него – додава Попович.

Целата НБА кариера, Ману Џинобили ја помина во Сан Антонио спарс и во сите 16 сезони тренер му беше Грег Попович, а заедно освоија четири шампионски титули.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Обвинителство формира предмет за извидничкиот камп, деца се отпишуваат од „извидници“

Следно

ВИДЕО+ФОТО | Кралска премиера: Кејт Мидлтон заблеска на црвениот килим на премиерата на 007

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian