ЈП „Лајка“ ги информира граѓаните дека поради технички проблеми маил адресата [email protected] е вон функција.
Граѓаните кои сакаат да пријават повредено куче, напад од куче, бездомно куче без ушна маркица и слично истите треба да ги пријават на следниов маил: [email protected].
ЈП „Лајка“ ќе излезе на терен по пријава доколку истата е целосно пополнета.
Пријавите кои се без фотографии, точна локација и општина, како и без име и презиме на пријавителот, ќе се смета за непотполна и по истата нема да се постапи. Доколу сакате да пријавите каснување од куче потребно е на мејлот [email protected] да се приложи медицинска документација, како извештај со потпис и печат од специјалист не подоцна од 24 часа од каснувањето, велат од „Лајка“.
Извор: skopjeinfo.mk