Џон Кери во посета на Европа

1 min read

Американскиот специјален пратеник за климатски промени Џон Кери од денеска до 6 октомври ќе престојува во официјална посета на Швајцарија, Италија и Франција, соопшти прес службата на Стејт департментот.

На средбите Кери ќе разговара со своите колеги околу мерките за надминување на климатската криза пред почетокот на 26-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP26).

Тој денеска во Женева ќе се сретне со бизнисмени, осврнувајќи се на улогата на приватниот сектор во развојот на еколошки чисти технологии за надминување на климатската криза. Прелиминарен состанок на COP26 ќе се одржи во Милано од 30 септември до 2 октомври, на кој Кери ќе учествува. Од 3 до 6 октомври во Париз, тој ќе ја посети Елисејската палата, каде ќе биде домаќин на средба посветена на мобилизирање на глобалните финансиски текови за справување со климатските промени. Кери ќе учествува и на конференцијата „Заеднички вредности: Градење зелена и инклузивна иднина”.

Дваесет и шестата Конференција на Обединетите нации за климатски промени (COP-26) ќе се одржи во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Локални избори 2021: Се очекува голема „борба“ за градот под Марковите Кули

Следно

Сообраќајот по влажни коловози, на граничните премини нема подолги задржувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian