Омцигт загрижен поради наводите дека ЦИА планирала елиминација на Асанж

1 min read

По извештаите дека претставници на ЦИА разговарале за убиство на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, генералниот известувач на Парламентарното собрание за заштита на укажувачите, Питер Омцигт (Холандија, ЕНП/ДХ), изрази сериозна загриженост од можноста за вонсудско убиство или киднапирање на укажувачите, јави дописникот на МИА од Стразбур.

– Ако овие извештаи се вистинити, јас сум ужаснат. Да се киднапира или убие цивил кој објави документи, би било грубо кршење на основните принципи на Советот на Европа за човекови права во најмоќната демократија во светот. Извештаите дека американски претставници на високо ниво можеби размислувале за таква опција се длабоко загрижувачки, рече Омцигт.

Тој посочи на резолуцијата на ПССЕ во 2020 година со која се бара да се забрани екстрадицијата на Асанж во САД и побара негово брзо ослободување.

– Собранието веќе јасно стави до знаење дека притворот и кривичното гонење на Асанж претставува опасен преседан за новинарите. Овие извештаи само ја зајакнуваат нашата загриженост дека со Асанж може да се постапува најнеправедно, наведе Омцигт.

Тој на крајот додаде дека е уверен оти „британските судови ќе ги земат предвид овие извештаи кога ќе одлучуваат за екстрадиција на Асанж и ги повикувам американските власти да појаснат дали навистина се земени предвид овие ужасни „опции”, и како да се спречи нивно повторување

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Твитерџиите го распукаа Камиказа: Перо се утепа за Шилегов, толку беше!

Следно

МЗ: Ревакцинирани 43,5 отсто од полнолетните граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian