Официјално: Андреј Цветковски е нов кошаркар на Гостивар

1 min read

Андреј Цветковски (25) ја продолжува својата кариера официјално во редовите на кошаркарскиот клуб Гостивар.

Цветковски настапува на позицијата плејмејкер, досега ги бранеше боите на вицешампионот Еуроникел 2005.

На клупски план беше дел уште од МЗТ Скопје Аеродром, Работнички, Кожув, Радовиш, Блокотехна, Вардар, Пелистер и Куманово.

Претходно ангажираа уште еден играч на позицијата плејмејкер, станува збор за Американецот Ијасу Ворку, кој лани играше за хрватскиот клуб Забок.

Во првиот викенд од октомври ќе стартува првенството, а на стартот Гостивар ќе му гостува на Еуроникел во Кавадарци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вархеји: Со Заев разговаравме како да го придвижиме процесот на проширување

Следно

Бугарија ја усвои позицијата со која ќе настапи на самитот ЕУ-Балкан во Словенија

Latest from Blog

На денешен ден – 21 октомври

1422.- Умре францускиот крал Шарл VI, кој на престолот беше 42 години. Во почетокот на владеењето бил наречен „Саканиот Шарл“, но

MacedonianEnglishAlbanian