Обвинителство формира предмет за извидничкиот камп, деца се отпишуваат од „извидници“

2 mins read

Седуммина средношколци се отпишале од „извидници“ откако родител алармираше дека викендов Прв скопски извиднички одред организирал несоодветен камп со сексуална едукација која вклучувала шокантни активности меѓу кои и тоа децата да соблекуваат делови од облеката, да оставаат отпечатоци од интимни делови од телото на хамер, да се бакнуваат во стомакот, коленото, вратот и на устата, како и да сликаат сцени во природа до манастир, додека други деца симулираат сексуални пози.

Настанот за „Слободен печат“ го потврди родител на средношколка која после ваквиот камп завршила на психолошко советување.

Од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“ велат дека во полиција настанот е пријавен од страна на родители. Неофицијално дознаваме и дека Јавното Обвинителство отворило предмет за случајот, по што ќе бидат обавувани разговори со сите инволвирани. На кампот насловен „Секс, скаутс и рок енд рол“, присуствувале околу 40 ученици од средните училишта во Скопје, но не биле организирани преку училиштата туку преку извидничкиот одред.

Се обративме до Прв Скопски извиднички одред, организацијата организатор на настанот со прашања кој е обучуувач за сексуалното образование кое го нуделе на младите, од каде добиле дозвола за нејзиното спроведување, колку време се спроведува оваа обука, како во детали излгедале активностите, дали се спроведувани повеќе години наназад и која е целта на кампот, но одговор до објавувањето на овој текст не добивме.

-Требало да глумат секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. „Клецање“ е зборот што го употребиле. Друга точка било да обојат гол дел од телото и да остават отпечаток на хамер. Секој учесник морал да остави различен дел од телото. Отпечатоците биле бодувани – рака 10 поени, нога 10 поени, стомак 15 поени, задник 40, гради 60, машки полов орган 80, женски полов орган 80 бодови. Децата се соблекувале, само во нивната мала група од четири луѓе, си ги боеле половите органи и го оставале отисокот. Таа видела отисоци од машки и женски полов орган, што значи дека се соблекле, го обоиле половиот орган и го ставиле на хамер пред таа мала група малолетни деца, изјави родителот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лајчак: Започнати се одделни преговори со претставници на Србија и на Косово

Следно

Попович повторно брилјира: Џинобили се врати во Сан Антонио бидејќи сопругата бараше да излезе од дома

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian