Буџетот за плати за оваа сезона во Барселона е за дури четири пати помал од тој минатата сезона, додека Реал Мадрид го зголеми својот буџет за повеќе од 50 проценти, пренесуваат шпанските медиуми.
Минатата сезона буџетот за плати Барселона изнесуваше 347 милиони евра, додека оваа сезона буџетот изнесува само 97 милиони евра, со што се наоѓаат на седмото место во Ла Лига.
Поради катастрофалната финансиска состојба и долгот кој изнесува 1.3 милијарди евра, Барселона ова лето ја загуби првата ѕвезда Лионел Меси, додека поголем дел од фудбалерите од првиот тим се согласија на намалување на платите за да може клубот да ги регистрира нови играчи.
Од друга страна, буџетот за плати во Реал Мадрид од минатогодишните 473 милиони евра, се зголеми до дури 738 милиони евра. На второто место се наоѓа Севиља со точно 200 милиони евра буџет за плати.
Поголем буџет за плати од Барселона има Атлетико Мадрид, но и екипи како Виљареал, Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид.