Неверојатна статистика на Меси против клубовите од Премиер лигата

1 min read

Лионел Меси во вторникот го постигна првиот гол во дресот на париските „светци“, поточно во ЛШ, во домашната победа над Манчестер сити (2:0).

Дуелот против „граѓаните“ и голот на Меси само го докажа тоа што веќе се зборува со години.

А тоа е дека пресметките со англиските клубови му се особено омилени на аргентинскиот „волшебник“.

Меси одигра 35 натпревари против клубовите од Премиер лигата на кои постигна дури 27 гола!

По ред, тој најмногу ја затресе мрежата на Арсенал, дури девет пати на шест натпревари, постигна седум гола на седум натпревари против Сити, постигна четири гола против Манчестер јунајтед на шест натпревари, трипати против Челси на 10 натпревари, Ливерпул двапати на четири средби, и два гола против  Тотенхем со кој се сретна двапати.

Меси е пресреќен по деби голот за ПСЖ: Многу го посакував овој гол, ќе бидам сè подобар

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Емил Кирјас: Брисел нѐ замајува, ама не сме глупави да молчиме

Следно

За сите кои се прашуваа: Кардашијан откри како менува пелени со супер долги нокти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian