Москва се закани дека ќе го блокира Јутјуб

1 min read

Рускиот надзорен орган на медиумите Роскомнадзор се закани денеска дека ќе го ограничи пристапот до Јутјуб, откако платформата за споделување видеа го блокираше каналот на германски јазик на државната телевизија РТ.

Медиумскиот регулатор го обвини Јутјуб за цензура, нагласувајќи дека може да се издаде предупредување за кршење на правото на слобода на изразување.

– Законот предвидува мерки за целосно или делумно ограничување на пристапот” доколку овие предупредувања се игнорираат, се наведува во соопштението на Роскомнадзор

 

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кривична пријава против лажен геометар од Скопје

Следно

Заев: Повторно сме на прво место по транспарентност во регионот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian