Меси е пресреќен по деби голот за ПСЖ: Многу го посакував овој гол, ќе бидам се подобар

1 min read

Лионел Меси конечно го постигна првиот гол за екипата на ПСЖ и тоа во големото дерби против Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Меси во третиот натпревар во дресот на ПСЖ откако изминатото лето по 20 години си замина од Барселона, конечно се запиша во листата на стрелци во триумфот на неговиот тим од 2:0 против Сити.

– Многу го посакував овој гол. Откако пристигнав во ПСЖ, не играм многу, ова ми е само втор натпревар пред нашите навивачи. Најважно е победивме и продолжуваме да се подобруваме, да напредуваме. Убеден сум дека ќе играм подобро во продолжение од сезоната – изјави Меси.

Лео Меси исто така е убеден дека неговите колегите во нападот, Нејмар и Килијан Мбапе ќе играат се подобро како ќе одминува времето.
– Што подолго време поминуваме заедно на теренот, ќе бидеме подобро. Едно е сигурно, сите тројца секогаш ќе даваме се од себе – додава Меси.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи: Пораката од Брисел не е добра, но мора да работиме -Западен Балкан еден ден ќе биде дел од ЕУ

Следно

Фон дер Лајен денеска и утре ќе престојува во Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian