Луксузниот моден гигант „Керинг“, кој стои за брендовите „Гучи“, „Ив Сен Лоран“, „Александар Меквин“ и „Баленсијага“, ја забрани употребата на крзно од животни за сите негови брендови до есента 2022 година.
„Сега е време. Светот се промени, заедно со нашите клиенти, и луксузот природно треба да се прилагоди на тоа. Кога станува збор за благосостојбата на животните, нашата групација секогаш ја покажува својата подготвеност да ја подобри праксата во рамки на сопствениот синџир на снабдувањето и луксузниот сектор воопшто“, изјави извршниот директор претседател на Керинг, Франсоа-Анри Пино
View this post on Instagram
Пејачката Били Ајлиш, која често е забележана во модели на брендовите на „Керинг“, изјави дека активно се залагала и преговарала со тимот на „Оскар де ла Рента“ да се замени употребата на крзно на моделот кој таа го носеше на изданието на Мет Гала 2021.
„Пресреќна сум што целиот тим ме сослуша за ова прашање, и сега направија промена која има влијание за поголемо добро, не само за животните, туку и за нашите планетата и околината исто така. Ги повикувам сите дизајнери да го сторат истото“, напиша Били Ајлиш во објава на нејзиниот инстаграм профил.
View this post on Instagram
Други брендови, вклучувајќи ги „Баленсијага“, „Александар Меквин“ и „Ботега Венета“ исто така веќе се оддалечија од користењето крзно.
View this post on Instagram
Овој чекор за конечно укинување на употребата на крзно во компанијата следи по само две години откако „Керинг“ објави стандарди за благосостојба на животните, кои имаа за цел „да го потврдат хуманиот однос кон животните низ синџирите на снабдување на групата брендови“. Барањата вклучуваа и хумано третирање на говеда, телиња, овци и кози во текот на целиот свој живот .
View this post on Instagram
Извор: www.slobodenpecat.mk