Кривични пријави за тројца измамници од Скопје кои купувале возила без да ги платат

1 min read

Тројца скопјани добија кривични пријави за сторени кривични дела „измама“ откако измамиле неколку граѓани при купување на возила кои не ги плаќале.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево поднеле кривични пријави за сторени кривични дела „измама“ против тројца сторители, и тоа против Н.И.(27), Н.А.(30) и А.А.(32), сите од Скопје.

Според пријавите, Н.И. на 13 април 2021, свесно ја довел во заблуда оштетената С.С.Т. од Скопје, со која усно договориле купопродажба на моторно возило „БМВ 350 Д“ за цена од 2.500 евра, за што пријавениот на оштетената ѝ дал 600 евра и 14.000 денари, по што го зел возилото со договор потоа да го донесе остатокот на парите, но не се вратил и не ги донел парите.

Н.А. и А.А., пак, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, на 12 ноември 2019 година, го довеле во заблуда Г.Р., кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ имал оглас за продажба на моторно возило „фолксваген поло“. Тие со оштетениот потпишале и кај нотар завериле купопродажен договор за предметното возило за цена од 5.000 евра, без притоа да му платат, а возилото го продале на трето лице од Охрид за цена од 4.500 евра. 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Есента, коронакризата и здравјето на вашето дете: Имунолошкиот систем е првата одбранбена линија од вирусите

Следно

Лајчак: Започнати се одделни преговори со претставници на Србија и на Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian