Криминална група шверцувала алкохолни пијалоци од Бугарија во Грција

2 mins read

Во пет различни делови на Грција уапсени се 12 лица, членови на криминална организација која од Бугарија, нелегално внесувала чист алкохол и алкохолни пијалаци и ги пласирала на домашниот пазар, а процените се дека од затајувањето данок профитот е над 850.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката полиција соопштија дека биле запленети 26.580 етил алкохол, 3.396 шишиња со алкохолни пијалаци, 10.000 фалсификувани етикети, осум возила, трактор со приколка и над два килограми хероин.

– Членовите на организацијата, барем од почетокот на годината, нелегално увезуваа етил алкохол од Бугарија за подготовка на алкохолни пијалаци, како и пакувани пијалаци, на кои ги заменуваа етикетите со грчки и ги продаваа на домашниот пазар, без да плаќаат давачки и даноци, добивајќи огромни економски придобивки, соопштуваат од грчката полиција.

 

Објаснуваат дека со цел да избегнат нивно откривање членовите на криминалната организација следеле конкретна методологија на дејствување.

Првично, со специјално адаптирани камиони, шверцуваните количини ги пренесувале во магацин во Серес, оттаму ги транспортирале во магацини на легална компанија во Лариса, каде што ги ваделе етикетите и ставале лажни, со ознаки на брендирани компании, а потоа, алкохолните пијалаци ги пласирале во малопродажбата, додека шверцуваниот етил алкохол преку транспортни компании го пренесувале во различни делови на Грција.

Уапсените, кои беа изведени пред јавен обвинител, се товарат за формирање криминална организација,  за фалсификување и прекршување на царински законик и законите за трговските ознаки, како и за пронајдената дрога.

Паралелно, полицијата трага по уште четири лица, исто така членови на организацијата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО I Сите тераат сеир со Реал Мадрид: Шериф ги утепа „кралевите“, а уживаат и противниците на Суперлигата

Следно

Луксузниот бренд „Керинг“ го забрани крзното во сите негови бизниси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian