Денеска на улиците на Љубљана се случи нов масовен протест против ковид мерките кои се на сила во земјата. За разлика од претходните, засега овој протест е без немири, пренесува 24ур.
Полицијата објави дека протестот повторно не бил пријавен, поради што се присутни поголем број полицајци.
Во центарот на Љубљана се уште се одржуваат протести против задолжителна вакцинација и ковид потврдите, а илјадници од оние кои не се задоволни од владиното управување со пандемијата, се собраа пред зградата на парламентот во центарот на градот, трета среда по ред.
Protestniki so zavzeli ljubljanske ulice @vecer #ljubljana #protest pic.twitter.com/FtIEdHxLWR
— LukaM (@mlakarjev) September 29, 2021
Полицијата објави дека протестот, како и претходните два, не бил пријавен, поради што полицијата гарантира безбедност со зголемен број на свои сили, особено затоа што сличен собир пред две недели заврши со немири и напади врз полицајци.
Протестот започна околу 13 часот и во моментов се одвива без немири, а полицијата изјави дека спровела неколку информативни разговори, ги повика луѓето да го почитуваат законот за јавни собири и ги предупреди дека просторот пред парламентот е под видео надзор.
Na Trgu republike vihrajo slovenske zastave. Zbralo se je več tisoč ljudi @vecer #protest #ljubljana pic.twitter.com/9t1sdUdMqT
— LukaM (@mlakarjev) September 29, 2021
Протестот започна со едноминутно молчење
Демонстрантите се членови на групите кои се против вакцинацијата, но и луѓе кои велат дека не се против вакцинација, но сметаат дека тоа е прашање на личен избор и слободна волја.

Денес, почетокот беше означен со минута молчење во спомен на 20-годишна девојка која почина утрово во Универзитетскиот медицински центар во Љубљана како последица од мозочен удар, две недели откако беше вакцинирана со „Џонсон и Џонсон“ вакцината.
На почетокот на собирот се обрати и таткото на почината, пренесуваат словенечките медиуми.
„Мојата Катја беше вакцинирана за да ја добие својата слобода. Таа за многумина е само еден процент на пациентите, но таа не беше само процент, тоа беше моето дете“ рече тој, пред да го напушти собирот.
Меѓу другото, на собирот се слушаа извици против владата и нејзината политика, а демонстраторите скандираа „крадци, крадци“.
Полицијата ги предупреди присутните дека не е дозволено на вакви манифестации да се носат опасни предмети, како што се стапови, камења или пиротехнички средства, а во спротивно ќе мора да дејствуваат.
ВИДЕО: Насилни протести во Љубљана, демонстрантите во судир со полицијата