ФОТО | Роденденски „десерт“ од ајвар: Колку години наполни младоликата Ноне?

1 min read

Ноне, вчера го прослави својот 35 – ти роденден. Иако не е покрај најблиските, нејзиното семејство и пријателите, нејзината мајка и посака најубави желби на својата ќерка која е нејзина копија.

Велешанката Ноне Неделковска која македонската јавност ја запозна преку натпреварот за музички таленти „Идол“ веќе долги години не се занимава со музика бидејќи ужива во работата на брод и бројните патувања низ светот.

Поради ситуацијата со пандемијата на коронавирусот Ноне подолг период престојуваше во родниот Велес од каде често споделуваше фотографии со семејството и пријателите.

Ноне по долгата пауза се врати на своето омилено работно место, на брод која и овозможува посети на егзотични места и прекрасни дестинации ширум светот.

Вчера, Ноне го прослави својот 35-ти роденден далеку од своето семејство, но нејзината мајка го одбележа на интересен начин денот кога ја родила својата ќерка. Госпоѓа Мимоза подготвила појадокот во форма на две срца прелиени со традиционален македонски ајвар и свеќички на нив по повод роденденот на Ноне.

Ајварче за 35-тиот роденден. Среќен роденден мами, стои во описот на фотографијата на Мимоза Неделковска која ја посвети на својата ќерка.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папајоану: ЕУ перспективата на Западен Балкан е и останува стратешка цел на Грција

Следно

Дебата: Дивоградбите и УНЕСКО се клучните теми во Охрид пред изборите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian