ФОТО: Пет мртви во тешка сообраќајка во Израел

1 min read

Пет лица загинаа, а десетици се повредени во судир на автобус со две возила на автопат во северен Израел.  

Автобусот удрил во камион и такси со четворица патници на планинскиот автопат полн со кривини во областа на Горна Галилеја, пренесува Тајмс оф Израел.  

Израелската служба за итни случаи, Red David’s Shield (Magen David Adom), објави дека патниците во таксито, 35-годишна жена и нејзините три деца на возраст од 15, 12 и пет години загинале.  

Петтата жртва е 45-годишен маж, возач на автобус. 

Сите се прогласени за мртви на местото на несреќата. Како што беше наведено, 32 лица се префрлени во блиските болници, а тројца тешко повредени жртви со хеликоптер се префрлени во болницата во Хаифа.  

Израелскиот премиер Нафтали Бенет испрати сочувство до семејствата на жртвите и рече дека „целиот народ на Израел се моли за исцелување на повредените“. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заврши состанокот со Лајчак, нема конечен договор меѓу Белград и Приштина

Следно

Димитриевски: Граѓанскиот концепт „За Наше Куманово“ ги обединува сите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian