ФОТО I Сите тераат сеир со Реал Мадрид: Шериф ги утепа „кралевите“, а уживаат и противниците на Суперлигата

3 mins read

Во второто коло на овогодинешното издание на Лигата на шампионите се случи едно од најголемите изненадувања во историјата на елитното натпреварување, Реал Мадрид на домашен терен е поразен од Шериф Тираспол.

По триумфот на молдавскиот тим, експлодираа социјалните мрежи кои почнаа да тераат сеир со Реал Мадрид, а прв кој се пошегува беше токму Шериф кој ја стави кралската круна на својата ѕвезда.

Поразот на Реал Мадрид од 1:2 највеќе ги израдува противниците на европската Суперлига од која не се откажаа само уште Барселона, Јувентус и токму Реал Мадрид, а во шегите не беше поштеден ниту претседателот на клубот, Реал Мадрид кој како аргумент за Суперлигата користеше аргумент дека некои натпревари во ЛШ никогаш не би гледал.

Како тимот на Николов, Шериф од сиромашната Молдавија влезе во друштвото на богатите

 

Од друга страна, најтиражниот шпански спортски весник „Марка“ пишува дека станува збор за историска криза на Реал Мадрид бидејќи „кралевите“ имаат само една победа на последните седум натпревари кои се играни на „Сантијаго Бернабеу“.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МЗ: Ревакцинирани 43,5 отсто од полнолетните граѓани

Следно

Криминална група шверцувала алкохолни пијалоци од Бугарија во Грција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian