Денес сме во преубавиот двор на госпоѓа Калина Димитриеска, која веќе осум години е невработена. Оваа убавина се наоѓа во село Рогачево, во општина Јегуновце, во областа Долни Полог, во околината на Тетово. Дворот распослан на десетина квадрати го красат повеќе од 50 раскошни саксии.

Со одгледување на цвеќиња и растенија Калина се занимава долго време, а љубовта кон градинарството ја наследила од мајка ѝ, 78-годишната Даница Јанческа.
Инаку, за волја на вистината, во дворот доминираат цвеќињата кавалер и дама кои ѝ се фаворити на Калина бидејќи токму таа сорта цвеќиња ѝ биле првите цвеќиња, и тоа подарени од нејзиниот денес покоен татко.
– Мојот совет за идните градинари е краток и јасен: ако не сакате цвеќе воопшто немојте да се трудите и да почнувате, зашто цвеќињата сакаат многу љубов како и сите ние! А, доколку навистина сте подготвени да вложите љубов во цвеќињата, а сте почетници во градинарството, ви препорачувам да почнете со цвеќе…
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк
Извор: www.slobodenpecat.mk