Американскиот претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави денеска дека главниот приоритет е намалување на тензиите на северот на Косово.
Ова во Брисел го изјави Ескобар по средбата со специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалог, Мирослав Лајчак, и одделни разговори со шефовите на преговарачките тимови на Белград и Приштина, Петро Петковиќ и Бесник Бислими, пренесува Радио Слободна Европа.
„Тензиите во моментов се многу високи“, рече Ескбар по состанокот
Според него, мора да се најде решение за регистарските таблички и важно е страните да се вратат на дијалогот за да продолжат разговорите со цел да се решат сите отворени прашања.
Ескобар нагласи дека дошол во Брисел за да ги поддржи напорите на ЕУ да најде итно решение за смирување на сегашните тензии на Косово.