Џенифер Анистон желна за љубов: Мислам дека сум подготвена да се споделам себеси со некој друг

3 mins read

Актерката Џенифер Анистон извести дека е „сингл“, но конечно е подготвена да се врати во игра и е отворена за нова љубов.

Ѕвездата од „Пријатели“ која вообичаено е доста тајна кога станува збор за нејзината приватен живот, се отвори за својот став кон љубовта во моментов.

Анистон, која се раздели од нејзиниот поранешен маж Џастин Терокс во 2018, изјави дека во моментов нема некој од „важност“ кој нејзиниот „радар“ го забележал, но сепак смета дека е подготвена за повторно да се заљуби.

Актерката објасни дека поради пандемијата останала сама во изминатиот период, бидејќи не било време за излегување за неа, иако некои луѓе успеале да најдат љубов за време на КОВИД.

„Мислам дека е време. Мислам дека сум подготвена да се споделам себеси со некој друг. Долго време не сакав и, и навистина сакав, да бидам своја жена сама за себе без… да бидам дел од двојка. Сум била дел од двојка уште откако имав 20 години. Па имаше нешто навистина убаво во тоа да се одвои време.“, изјави Анистон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Актерката, која во моментов е главен лик во серијата „The Morning Show“, вели дека сепак има правила на игра: без апликации за запознавање. Таа сака тоа да се случи на „олд скул“ начин и да ја почувствува „хемијата“ кога ќе се здогледа некој на другата страна од просторијата.

Надополни и дека забележала дека луѓето повеќе не им пристапуваат на оние за кои се заинтересирани, и тоа за неа е премногу чудно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

За неа исто така е важно и разговорот да „тече“ уште од првиот пат, добра смисла за хумор, и да има самодоверба но не и „напрченост“, да е добар со другите луѓе и секако, фитнес.

Анистон беше поврзувана со поранешниот колега од „Пријатели“ Дејвид Швимер откако неодамна изјавија дека имале обострани симпатии за време на снимањата на првите сезони, иако гласините беа негирани од страна на двајцата актери.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Лапсус кој ја насмеа соседна Србија, Меси дава голови за Партизан

Следно

Обвинение против скопјанката која се претставувала како попишувачка и извршила тешки кражби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian