Емил Кирјас: Брисел нѐ замајува, ама не сме глупави да молчиме

3 mins read

Балканските народи не се глупави да останат неми на замајувањата на Брисел преку неисполнувањето на договореното кон Македонија за почетокот на пристапните преговори, вели политичкиот аналитичар Емил Кирјас за Дојче веле.

Кирјас, кој е поранешен државен секретар во Министерството за надворешни работи, го коментираше вчера објавениот извештај на агенцијата Ројтерс, според кој членките на ЕУ веќе не можат да се усогласат околу гаранциите дека земјите од Западен Балкан, меѓу кои е и Северна Македонија, воопшто ќе бидат примени во Унијата.

Повикувајќи се на четворица дипломати, Ројтерс објави дека во завршната декларација за претстојниот самит ЕУ-Балкан, закажан на 6 октомври во Словенија, ЕУ планирала да го повтори ветувањето дадено пред 18 години за недвосмислена поддршка за европската перспектива на Западен Балкан. Но, на тоа се спротивставиле четири држави.

„Загрижувачки и разочарувачки е односот на Европската Унија кон Западен Балкан. Место да покаже иницијативност и проактивен однос во глобални рамки, Унијата постојано самата се става во дефанзивна улога. ЕУ место да реагира со брзо интегрирање на Западиот Балкан во рамките на Унијата, се чини дека на претстојниот самит во Словенија ЕУ ќе понуди разочарувачка реторика кон регионот“, вели за Дојче веле политичиот аналитичар и поранешен државен секретар во МНР, Емил Кирјас, коментирајќи ја веста која што ја објави агенцијата Ројтерс дека ЕУ повеќе не може да се усогласи да им даде гаранција за идно членство на шесте балкански земји. Агенцијата се повика на четворица дипломати и внатрешен документ на ЕУ, а веста беше објавена во истовреме кога започна посетата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на Балканот“, пишува Кирјас.

Анализирајќи ги состојбите во Унијата, тој вели дека заспаноста, па дури и импотентноста на Брисел кон Западниот Балкан ќе ја чини ЕУ многу повеќе од стотиците милиони евра штета со брзата евакуација од Авганистан или десетиците милијарди штета со зделките објавени во рамките на АУКУС.

„Како ЕУ ја заборава својата најважна и најуспешна историска лекција дека инвестирањето во превенцијата и во интеграцијата е најдоброто можно режение за континентот. Како да не е јасно колку пострашна ќе беше геополитичката положба на ЕУ денес доколку проширувањата од првата декада на овој век не се случија“, вели Кирјас.

„Ниту другите геополички актери заинтересирани за Балканот се неспособни да ја пропуштат можноста да го искористат разочарувањето кон ЕУ кое сѐ повеќе расте во регинот. ЕУ самата си става трн во ногата, измислувајќи проблеми со своето јавно мислење за кое интеграцијата на Западниот Балкан е од минорно значење, глобално претставувајќи се како неспособен актер дури и во своето најблиско соседство кое територијално го опкружува“, додава тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Папата ја поздрави работата на младите климатски активисти

Следно

Неверојатна статистика на Меси против клубовите од Премиер лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian