ДКСК ќе бара одговорност за партиските активности на Османи и Нуредини во работно време

1 min read

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на денешната прес-конференција рече дека ќе побара од Владата одговорност за министрите од редовите ДУИ, Бујар Османи и Насер Нуредни, поради тоа што во работно време учествувале во партиски активности и се возеле со службени возила од министерствата.

Ивановска откри дека Комисијата досега добила 21 пријава од граѓани за нарушување на изборната кампања. Имало пријави за забранети активности, агитирање, прерано почната кампања, злоупотреби на државни ресурси.

„Прво ќе се обидеме да ги добиеме нивните изјави дали навистина возилото е користено за партиски активности. Доколку е така, како што имавме примери и во претходните изборни циклуси, ќе испратиме до Владата иницијатива за поведување одговорност на функционери кои што го злоупотребиле односно го користеле службеното возило за партиски цели“, рече Ивановска.

Антикорупционерите ќе ги следат и трансакциските сметки на партиите, за да видат дали има нелегален прилив на пари.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Војна меѓу нарко банди во затвор во Еквадор, 30 мртви

Следно

Годинава на Виз Ер Скопскиот маратон ќе има околу 7000 учесници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian