Бугарија ја усвои позицијата со која ќе настапи на самитот ЕУ-Балкан во Словенија

1 min read

Министерскиот совет на Бугарија денеска ја одобри позицијата на Софија за самитот ЕК-Западен Балкан, што треба да се одржи на 6 октомври во Брдо кај Крањ, во Словенија, на кој ќе учествуваат лидерите на ЕУ, шесте земји-партнери од Западен Балкан и други засегнати страни.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, меѓу главните цели на Самитот во Брдо е да се потврди поддршката на ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан и соработката на Унијата со земјите од регионот во спроведувањето на Економскиот и инвестицискиот план за регионот.

Бугарија, истовремено, го поддржува одржувањето на состанокот, што го смета за логично продолжение на Самитите во Софија (2018) и Загреб (2020), се наведува во одобрената позиција на земјата. Бугарија смета дека состанокот во Словенија е позитивен сигнал што ја покажува трајната посветеност на ЕУ кон Западен Балкан.

Според искажаниот став, Западен Балкан останува водечки приоритет на бугарската надворешна политика. Бугарија има искрен интерес сите земји во регионот да бидат дел од европското семејство. Поддршката на Бугарија е конзистентна, врз основа на клучните принципи на сопствените достигнувања во исполнувањето на критериумите за реформи и важноста за одржување добрососедски односи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Официјално: Андреј Цветковски е нов кошаркар на Гостивар

Следно

Славчо Попоски прогнозира: Дождови, еве во кои периоди од денот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian