Долго време се подготвуваа, а мошне кратко траеше „престојот“ на кошаркарскиот клуб Куманово во Европа. Денеска во четвртфиналето од квалификациската група од ФИБА Евро Купот, која се игра во холандскиот Гронинген, „сино-белите“ загубија од австрискиот Гмунден Сванс со резултат 60:83.
Многу брзо влегоа во двоцифрена негатива влегоа кошаркарите на Куманово 2009 во овој дуел. По нецели осум минути од играта имаа двојно повеќе дадени 12 од примени поени – 24! А на истекот на првиот перрид беше слично, (14:27).
Тие „минус 13“ само ја усложија работата за македонскиот претставник во продолжението на овој прв за нив европски натпревар по подолго време.
Невоиграноста беше и најголемиот хендикеп за КК Куманово кој ја бараше својата игра, но не успеваше во тие обиди, барем не во првите 10 минути.
Неколку добри индивидуални акции и реализации кои дојдоа од Зивчевиќ, ја направија негативата едноцифрена. Во 17 минута кумановци беа во заостанување од девет поени (22:31). Но, тоа беше само еден краток, добар сегмент од играта на Куманово.
Во два напади австрискиот тим ја врати „стандардната позитива“ од 13 поени (37:24), и го натера тренерот Игор Ѓорѓиевски на нова минута за одмор, пред финалната од тоа далеку од добро прво полувреме кое го завршија со уште повисока негатива (24:39).
Дури беше уште полошо по КК Куманово откако противнккот направи серија од (13:2), за двојно поголема позитива (52:26), и по само пет минути од продолжението стана јасно дека ова ќе биде нивиот прв, но и последен европски натпревар во сезоната. Далеку од европски 40 минути по кој своите мисли кумановци може да ги усмерат кон предизвиците и возбудувањата кои со себе ги носат нашата Прва лига како и натпреварите од Балканската лига кои следуваат во календарот.