Вујовиќ: Вардар дома може да победи секого со помош на навивачите, па и Алборг 

1 min read

Ракометарите на Вардар утревечер ги очекува најтешкиот предизвик сезонава, во рамки на третото коло од Лигата на шампионите, во СЦ „Јане Сандански“ играат против европскиот вицешампион Алборг.

Вардарци во дуелот со Алборг влегуваа по убедливиот триумф над Мешков Брест во второто коло, како и по победата над Еурофарм Пелистер во домашното првенство.

–  Во претходните две недели одигравме дури шест натпревари, а дополнителен проблем е што во домашното првенство не можеме да сметаме на сите ракометари. Сега пред нас е Алборг, тим за кој не треба да се трошат зборови, според мене Алборг игра најубав ракомет во Европа. Една исклучително дисциплинирана екипа, која прави малку грешки и мора да одиграме максимално фокусирано ако сакаме добар резултат.

Нормално дека Вардар дома може да победи секого, па и Алборг, со помош на публиката сè е можно. Сигурен сум дека тие добро ќе нѐ анализираат и Вардар е за нив прв сериозен тест и сигурно нема да дојдат неподготвенСепак, ние играме дома, ја имаме поддршката од публиката. На крилата на навивачите даваме 100% од себе, играме квалитетно и можеме да го победиме секивал, па и Алборг – вели Вујовиќ.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

АУДИО | Родител на средношколка од Скопје обвинува за скандалозни активности на камп: Си ги боеле половите органи, цртале слики со секс пози до манастир!

Следно

Оштетен авионот на Владата на Црна Гора, нема повредени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian