Во Република Српска наместо медицински, во ковид центрите користен индустриски кислород

1 min read

Опозицијата бара оставка од Владата на Република Српска. Денешната седница на Народното собрание на Република Српска започна со барањата на пратениците на опозициските партии Владата на Република Српска да поднесе оставка поради аферата „Кислород“.


Се работи за тврдење кое изминатите денови беше презентирано во медиумите кои прикажаа документи кои покажуваат дека болниците во РС се снабдувале со кислород од компании кои немале дозволи од Агенцијата за лекови на БиХ, производство, трговија и дистрибуција на медицински кислород, кој е лек, туку бил испорачуван технички кислород за пациентите .

Владата во Бања Лука денеска соопшти дека примероците од кислородот кој бил користен низ болниците во Република Српска е испратен во лабораторијата од Белград од која се очекува добивање на сите релевантни показатели кои пак ќе влијаат за тоа дали треба да дојде до предвремено повлекување на актуелната влада

Во меѓувреме на фирмата ТГТ Техногас која ги снабдевала болниците со технички, наместо медицински килсород и беше забрането да работи а од лабараториските наоди ќе се знае кој ќе ја понесе одговорноста за таканаречената афера „Кислород“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денвер ги чува ѕвездите, Портер доби 207 милиони долари со новиот договор

Следно

Скопјанка се обидела скришно да внесе дрога за брат ѝ во затвор

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian