ВМРО-ДПМНЕ: Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор во ОН

1 min read

Љубомир Фрчкоски е неприфатлив за амбасадор на САД, и доби црвено светло од Вашингтон. Заев наместо да ја сфати пораката го предлага за амбасадор во ОН, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Спасувачката мисија на Заев завршува со уште еден меѓународен блам. Заев сака да го прати Фрчкоски во Њујорк, на територија на земјата која веќе го одби. Тоа е дипломатски аматеризам и дилетантизам.

Заев предлага човек за амбасадор во ОН кој има сомнително криминално минато. Фрчкоски беше посочен од криминалецот Љубомир Магаш како министер кој учествувал во шверцот на нафта и цигари во 90-тите.

Љубомир Фрчкоски е докажан женомрзец и тепач на жени. Фрчкоски беше обвинет од сопствената сопруга дека ја тепал и малтретирал.

Фрчкоски тепаше студенти на универзитетски кампус.

Фрчкоски е човек кој што со своето насилно однесување ја скандализирал македонската јавност повеќе пати во минатото. Фрчкоски не може да биде амбасадор во ОН, најголемата организација која ги промовира и штити човековите права и мирот во светот. Тоа е исто како да слон во продавница за порцелан, стои во нивното соопштение.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов го претстави пакетот од социјални поволности кои планира да ги реализира во следниот мандат

Следно

Веб-сајтови и профили на социјални мрежи во Грција ширеле лажни вести за вакцината и Ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian