Недостатокот на гориво во Велика Британија предизвика невидена гужва на бензинските пумпи од каде доаѓаат сцени со долги редици нервозни возачи.
Чекањето неколку часа за да се наполни резервоар, посебно налути еден човек, кој беше снимен, откако направи инцидент. Инцидентот се случи во Велинг, во југоисточен Лондон, каде што еден возач му се закани на друг со нож во редот за гориво.
Видеото објавено од Дејли Телеграф покажува како лицето вика по човекот заклучен во автомобилот додека држи нож во десната рака.
Видеото предизвика бура на реакции на социјалните мрежи.
Во Англија имаше повеќе вакви инциденти на бензинските пумпи.
Недостиг на гориво, затворени бензински: Како Британија дојде до ваков проблем?