ВИДЕО: Ајакс го надигра и Бешикташ, мируваа мрежите во Киев

1 min read

Фудбалерите на Ајакс во рамките од второто коло од групата „Ц“ во Лигата на шампионите во Амстердам го совладаа „десеткуваниот“ Бешикташ со 2:0.

Турците пристигнаа со само 17 играчи, но тоа не им пречеше да се заканат на почетокот на натпреварот преку Батшуаи, кој ја погоди стативата.

Потоа холандскиот претставник започна со сериозни напади и поведе во 17 минута со голот на Стивен Бергујс по додавањето на капитенот на тимот, Душан Тадиќ.

Пред крајот на првото полувреме Србинот Тадиќ не реагираше најдобро во петерецот на Бешикташ, но Себастијан Халер подобро се снајде и стрелаше за зголемување на предноста во 43 минута.

Во второто полувреме, темпото на играта беше посмирено, Караман постигна гол кој беше поништен поради прекршок, па немаше промена на резултатот до крајот на натпреварот.

Во групата „Д“ на дуелот во Киев играчите на Шахтјор Доњецк и Интер не беа расположени за голови (0:0).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Али Ахмети и Теута Арифи: Ќе победиме во Тетово

Следно

ВИДЕО | Разговор со Али Февзи, бербер: Еден миг го менува животот!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian