УТРИНСКИ БРИФИНГ | Дерала: Секоја година имаме избори, што претставува шок за системот

2 mins read

Ние сме секогаш подготвени за избори оти во земјава речиси секоја година има избори. Кога ќе завршат едни ние веќе се спремаме за други. Ние очекувавме дека ќе има некаков притисок од опозицијата за предвремени парламентарни избори, вели Џабир Дерала претседател на Цивил, организација која се занимава со мониторинг на избори за денешен Утрински брифинг.

Тој додава дека изборите се шок за системот па не треба да ги има пречесто како предвремени избори. Освен тоа, и бизнисот е претпазлив пред избори, вели Дерала.

– Ние како организација треба да почнеме да бараме од опозицијата да престане со тој притисок, нека се подготват добро, нека направат програма и нека излезат на избори. Потоа, во парламентот може да се менува мнозинството, опозицијата треба да биде креативна, вели Дерала за Утрински брифинг.

Дарко Алексов од МОСТ, една од водечките организации за мониторинг на изборите вели дека ова се избори од локален карактер.

-Нашиот обем и активности за локални избори се намалени затоа што станува збор за процес од локален карактер во мали заедници во кои сѐ се знае. Ние гледаме колку процесот е транспарентен. Она што забележувавме порано како што е семејно гласање, групно гласање, тоа веќе го нема, вели Алексов за Утрински брифинг.

МОСТ во целото свое постоење се нафаќал на предизвикувачки работи како што е транспарентност на Собранието, посочува Алексов. Нашето Собрание порано беше на дното на Западен Балкан, но сега сме на второ место, па МОСТ пасивно го мониторира. МОСТ нема да луѓе на терен за локалните избори, нема да прави извештај, но ќе гледа како ќе се развива работата потоа на терен.

-Сега работите не се како порано, волјта на граѓаните се рефлектира на ливчето. Сега нѐ интересира влијанието на дезинформациите и влијанија од други држави, додава Алексов.

Дерала смета дека ние конечно имаме слободни избори, имаме држава во која граѓаните можат без страв да излезат на гласање, а дубиози секаде има. Цивил ќе иа на терен околу 300 набљудувачи кои ќе бидат мобилни и ќе покријат 1300-1500 избирачки места.

Целиот разговор погледнете го во видеото

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Експлозија во станбена зграда во Гетеборг, 25 лица повредени

Следно

УЕФА се предаде, нема да ги казни екипите бунтовници Реал Мадрид, Барселона и Јувентус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian