УЕФА го потврди спектаклот, Италија и Аргентина ќе се борат за нов трофеј

2 mins read

Ни доаѓа борба за нов, досега непостоечки трофеј во репрезентативниот фудбал. После Светското првенство, континенталните натпреварувања, Купот на Конфедерации, како и неколку верзии од Лигата на нации, од 2022 година доаѓа „Копа ЕвроАмерика“.

УЕФА и КОНМЕБОЛ, фудбалските организации на Европа и Јужна Америка донесоа одлука во јуни 2022 година да се одигра првиот натпревар во кој силите ќе ги одмерат шампионите на двата континенти, Италија и Аргентина.

Како што го имаме примерот на клупски план, европскиот Суперкуп во кој се сретнуваат победниците во Лигата на шампионите и Лига Европа, сега ќе имаме нов спектакл на репрезентативен план, односно како што веќе знаеме Италија ова лето стана европски шампион, а на „Копа Америка“ најдобра беше Аргентина.

УЕФА и КОНМЕБОЛ ја потврдија оваа одлука, треба уште да се дознае каде ќе биде одигран натпреварот.

Се очекува да гледаме дуел на Аргентина предводена од првата ѕвезда Лионел Меси кој неодамна после голема пауза конечно ја освои „Копа Америка, а Италија чекаше дури 52 години за да стигне до својата втора европска титула.

„Копа ЕвроАмерика“ ќе биде практично имитација на поранешниот клупски Интерконтинентален куп, кога шампионите на Европа и Јужна Америка во клупскиот фудбал играа за титулата светски шампиони (сè додека ФИФА не го основаше Светското клупско првенство).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев: Идентитетските прашања не можат да бидат предмет на преговори, има позитивни сигнали за тоа од Софија

Следно

САД ги укинуваат визите за хрватските граѓани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian