ТФТ елиминиран од Натуртекс во квалификациите за ФИБА Евро купот

1 min read

Во Краснојарск (Русија) денеска подобри од македонската кошаркарска екипа беа играчите на унгарскиот клуб Натуртекс Сегед со конечен резултат 92:76.

ТФТ во својот историски прв настап во Европа (доколку не се земат в предвид ланските игри во БИБЛ лигата) запиша пораз во четвртфиналето од квалификациската група „Ц“ од ФИБА Евро Купот.

Релативно израмнето беше првото полувреме од овој историски меч за екипата на ТФТ. Макар што ривалот во поголем дел ја имаше предноста. На првиот „мал одмор“ два поени (24:22), а на „големиот“ нешто повисоки (50:43).

Нашиот претставник никако не успеваше да ја симне разликата во своја корист. Во средината на третата четвртина беа во „минус“ од шест поени (51:57), но играчите на тренерот Боро Смилковски не направија ништо повеќе од тоа.

Им беше тешко затоа што само тројца кошаркари беа расположени за поентирање. Смит, Хортон и Костоски, кои во тој дел од играта искомбинираа 42 од вкупно 51 поен на составот од Тафталиџе. Во 29 минута, Натуртекс Сегед имаше највисоко водство (64:51). Така беше и по три одиграни периоди (68:55) во корист на тимот од Сегедин.

Во првиот, за жал и последен настап на ТФТ во Европа, (барем за оваа сезона), Амир Смит реализираше 23 поени (и четири скока), Ландриус Хортон забележа ефект од 21 поен, осум скока и три асистенции, додека пак Александар Костоски заврши со 20 поени (плус девет асистенции и седум скока).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини, еве кои се другите одлуки на Владата

Следно

Рекорден број на новозаразени во Србија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian