Стефановиќ: Српската војска не влезе никаде каде што не треба

1 min read

 Српскиот министер за одбрана Небојша Стефановиќ изјави денеска дека војската по наредба на српскиот претседател Александар Вучиќ, го подигнала нивото на борбена готовност во целата копнена зона на безбедноста долж административната линија со Косово „но дека не влегла никаде каде што не треба”, јави допсиникот на МИА од Белград.

Стефановиќ за ТВ Пинк изјави дека војската е „подготвена да го брани својот народ” и дека подигнувањето на борбената готовност и нејзиното присуство на административната линија со Косово е „првенствено превентивен механизам”.

– Имаме право да се распоредиме на наша територија, никој нема да ни каже што да правиме, тоа е нашата суверена одлука. Ние не кршиме ниту еден меѓународен договор, војската не влезе никаде каде што не треба, изјави Стефановиќ.

Тој оцени дека подигнувањето на борбената готовност во целата копнена зона на безбедност дава ефекти и ги охрабри граѓаните дека нема да се дозволи „никој да ги убие”, но и дека тоа покажува оти Србија е доволно воздржана и нема да прави инциденти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Леброн Џејмс пред десет години размислувал да ја напушти НБА и да го смени спортот

Следно

Секс-трговија и злоупотреба на малолетнички: Ар Кели прогласен за виновен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian