Славчо Попоски прогнозира: Поројни врнежи, еве колку воден талог се очекува да наврне!

1 min read

– Денес времето во Македонија ќе биде претежно облачно и ПОСВЕЖО, претпладнево со услови за локален краткотраен дожд. Попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град. На некои места врнежите ќе бидат ПОРОЈНИ и се очекува да наврнат над 20 л/м2 воден талог. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 28 степени, нè известува метео прогнозерот Славчо Попоски.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, особено попладне и навечер со повремени врнежи од дожд и услови за појава на грмежи, како и со засилување на ветерот. Максималната температура ќе се искачи до околу 25 степени.

СПОРЕД ПОПОСКИ УТРЕ И ВО ЧЕТВРТОК ВРЕМЕТО ЌЕ БИДЕ ПРЕТЕЖНО ОБЛАЧНО И СВЕЖО ЗА ОВОЈ ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА СО ПОВРЕМЕНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, КОИ ЛОКАЛНО И ТОА ОСОБЕНО ВО ЗАПАДНИТЕ ПРЕДЕЛИ ЌЕ БИДАТ НЕШТО ПОИНТЕНЗИВНИ, А ЌЕ ИМА УСЛОВИ И ЗА РЕТКА ПОЈАВА НА ГРМЕЖИ.

-Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец, додава метео прогнозерот, и заклучува – Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 24 степени. Во петок …

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ веќе не може да гарантира дека земјите од Западен Балкан ќе станат членки, пишува Ројтерс

Следно

Рускиот Су-27 следел американски воен авион над Црното Море

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian