Секс-трговија и злоупотреба на малолетнички: Ар Кели прогласен за виновен

1 min read

Американскиот ар-ен-би музичар Ар Кели е прогласен за виновен за изнудување, секс-трговија и злоупотреба на малолетнички.

Неколкумина кои го тужеа пејачот, за време на судењето детално сведочеа за тоа како тој ги подложил на изопачени и садистички каприци кога тие биле малолетни лица.

Пејачот, инаку, со години ја избегнуваше кривичната одговорност за бројните наводи за недолично однесување кон младите девојки и деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Spletnik (@spletnik_ru)

Поротата составена од седум мажи и пет жени, како што јавуваат западни медиуми, го прогласи Ар Кели за виновен по два дена разгледување на случајот. Музичарот треба да биде осуден на 4 мај, а му се заканува неколку децениска казна.

Обвиненијата беа засновани на аргументи дека менаџерите и помошниците му помогнале на пејачот „да ги запознае девојките и да ги држи послушни и тивки“, што се претворило во криминално дејствие.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Radio Energy Albania (@radionrg.al)

Ар Кели е обвинет за искористување на славата и богатството за да ги намами жртвите. Тој им ветил дека ќе им помогне во нивната музичка кариера. Неколку жртви сведочеа дека биле малолетници кога станале жртви на сексуална злоупотреба.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стефановиќ: Српската војска не влезе никаде каде што не треба

Следно

Уште колку години ќе треба да поминат овој народ да научи раскрсница да држи слободна и отворена?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian