Кардиологот и член на Македонската академија на науките и уметностите, Сашко Кедев, бил дел од 22-члена експедиција од алпинисти кои вчера го искачиле еден од највисоките врвови во светот, Манаслу на Хималаите.
Врвот, висок 8.163 метри, се наоѓа во Непал, а меѓу алпинистите е познат и како Планина на Духот.
Кедев ги има освоено највисоките врвови на сите седум континенти, меѓу кои и највисокиот светски врв, Маунт Еверест, во 2009 година.