Рускиот Су-27 следел американски воен авион над Црното Море

1 min read

Рускиот воен авион Су-27 денеска го следеше извидништвото на американските воздухопловни сили над Црното Море, објави Националниот центар за управување со одбраната на Русија.  

Како што се наведува, руските радари забележале воздушна мета над неутралните води на Црното Море, која се приближувала до државната граница на Русија, пренесува ТАС.  

„Со цел да се идентификува воздушната мета и да се спречи влез на руска територија, испратен е воетнио авион Су-27 од дежурните сили за противвоздушна одбрана на Јужниот воен округ“, се вели во соопштението.  

Прецизирано е дека екипажот на авионот ја идентификувал воздушната мета како стратешкиот извидувачки авион РЦ-135 на американските воздухопловни сили и го следел на Црното Море.  

„Откако странскиот воен авион се врати назад, рускиот авион се врати во базата, што спречи кршење на руската државна граница“, се наведува во соопштението. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славчо Попоски прогнозира: Поројни врнежи, еве колку воден талог се очекува да наврне!

Следно

Мицкоски: Локалните избори се последна шанса за промени и подобро утре

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian