Предизборно планинарење: Ахмети, Арифи, Груби, Бесими, Бектеши и Нуредини се искачија на Шар Планина

2 mins read

Претседателот на ДУИ Али Ахмети придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, министерот за финансии Фатмир Бесими, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за економија Крешник Бектеши, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи и други функционери денеска ја посетија Шар Планина по повод нејзиното прогласување за Национален Парк.

За време на посетата, Ахмети истакна дека донесувањето на одлуката за прогласување на Шар Планина за национален парк е важен историски чекор што ќе придонесе за заштита на ова национално богатство. Тој понатаму истакна дека оваа одлука овозможува создавање на систем на одржливо управување со областа која е богатство на биодиверзитетот.

„Ова е многу важен момент за нас, прогласувањето на Шар Планина за Национален парк, што според сите студии зафаќа површина од 630 км2, би рекол дека тоа е најголемото национално богатство бидејќи иднината на туризмот, иднината на луѓето е кај природните ресурси. Сите знаеме дека целата наука, технологија оди во насока на намалување на употребата на горивото, и сите знаеме дека иднината е иднината на зеленото, така што имаме среќа и подарок од Бога да го ставиме ова национално богатство во
служба на луѓето, во служба на зголемување на квалитетот на животот “, изјави претседателот Ахмети.

Министерот за Животна Средина Насер Нуредини истакна дека со прогласувањето на Шар Планина за национален парк во делот на Северна Македонија, таа станува една од најразвиените области во земјата во однос на туризмот и дава голем придонес за економскиот развој на земјата.

Инаку, по донесувањето на Законот за заштита на Шар Планина, формирано е јавно претпријатие за управување со националниот парк на Шар Планина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нова студија: Ова се несаканите ефекти од третата доза вакцина против ковид-19

Следно

Заврши евро-приказната и за кошаркарите на Куманово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian