Повеќе од 500 бегалци во понеделникот пристигнаа со стар рибарски брод на италијанскиот остров Лампедуза, објави италијанската новинска агенција АНСА.
Италијанската полиција пресретнала 15-метарски брод на околу седум километри од брегот на островот и го придружувала до пристаништето.
„По неколку дена невреме, денес морето се смири и тие повторно почнаа да се закотвуваат”, изјави градоначалникот на Лампедуза, Тото Мартело, за АНСА, истакнувајќи дека бродот најверојатно дошол од Либија.